| четврток, 6 декември 2018 |

Запознајте го Педро, човекот кој 40 години живее во пештера (Видео)

Педро Лука живее во пештера во северна Аргентина повеќе од 40 години и тоа без „чиста“ вода за пиење и електрична енергија на планина во провинцијата Тукуман.

Кога ќе биде гладен, тој ја зема својата пушка и тргнува во лов, или три часа патува низ планина кон најблиската населба Сан Педро де Колалао. Потоците се неговиот главен извор за вода за пиење.

-Тоа е најчистата вода за пиење во овој крај“, вели 79-годишниот Педро Лука кој веќе 40 години „ја избегнува“ цивилизацијата.

pedro

Педро не е осамен – друштво му прават 11-те петли и двете кози кои што преку денот лутаат низ планината во потрага по храна, а навечер се враќаат барајќи засолниште од пумите и останатите грабливци. Петлите го будат секое утро во околу 3 часот после полноќ кога Педро го пали првиот оган и така започнува неговиот ден.

Тој стана вистинска легенда во Сан Педро де Колалао, а жителите во околните населби често му даваат храна и други работи неопходни за живот. Тој купува свеќи, квасец и пченка од својата пензија која изнесува од 100 до 200 долари и уредно ја подигнува секој месец на шалтерите на градската пошта.

pedro 1

Единствениот технолошки уред кој Педро го поседува е радио на батерии, но сепак тој има тешкотии во „фаќањето“ на станици, затоа што во шумата и пештерата, сигналот е многу слаб.

Тој секој ден пешачи најмалку три часа, се качува низ стрмните карпи за да дојде до пештерата. Времето оставило трага на неговата кожа, но и покрај тоа, тој не изгледа многу старо за човек кој има речиси 80 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top