Концертот на хрватската пејачка Јелена Розга (38) во клубот „Максимус“ во Котор, Црна Гора, завршил со пукотници. Според изворите на српски „Телеграф“, прво дошло до расправа помеѓу две групи на луѓе, наводно поради девојка, а потоа биле испукани и неколку куршуми.
– Слушнавме страшна врева сао што завршив со последната песна и сфативме дека нешто лошо сеслучува. Во тој момент воошто не ви е сеедно. Мојот телохранител Синиша ме одведе од гардеробата бо хотелот на сигурно – изјавила Розга за хрватски „Стори“.
Инцидентот се случил околу четири часот наутро. Нема повредени лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.