| четврток, 6 декември 2018 |

Ја­ку­пи: Пре­тсе­да­те­лот на ДИК да се вклу­чи во вра­ќа­ње на до­вер­ба­та во из­би­рач­ки­от спи­сок

Ме­ди­у­ми­те, раз­лич­ни ана­ли­ти­ча­ри што не ја раз­би­ра­ат те­ма­ти­ка­та и по­ли­тич­ки акте­ри при­до­не­соа кон тоа да не­ма до­вер­ба во из­би­рач­ки­от спи­сок. Мис­лам де­ка се­га ве­ќе се раз­јас­не­ти мно­гу ра­бо­ти, ова ве­ќе е над­ми­на­то и ве­ќе ни­кој не тре­ба да спо­ме­ну­ва де­ка во Ма­ке­до­ни­ја по­сто­јат фан­том­ски гла­са­чи, ве­ли Суб­хи Ја­ку­пи, член на ДИК и до­ктор на те­ма из­бор­ни не­ре­гу­лар­но­сти на пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри

Вра­ќа­ње­то на до­вер­ба­та во из­би­рач­ки­от спи­сок и во из­би­рач­ки­от про­цес е глав­на­та ра­бо­та на ко­ја е ста­вен фо­ку­сот по оваа ре­чи­си две­го­диш­на по­ли­тич­ка кри­за, иа­ко ури­ва­ње­то на до­вер­ба­та во спи­со­кот се гра­ди дол­го, со си­те бо­жем­ни при­чи­ни за гу­бе­ње на из­бо­ри­те од сè уште акту­ел­на­та опо­зи­ци­ја. Да­ли низ овој про­цес на чи­сте­ње на спи­со­кот, со две, да ги на­ре­чам, ге­не­рал­ни про­би за из­бо­ри, во април и по­тоа во ју­ни го­ди­на­ва, се­га, ко­неч­но, мо­же да се вра­ти до­вер­ба­та, отка­ко бе­ше на­ру­ше­на низ овој про­цес?

– Да­ли има­ме или не­ма­ме до­вер­ба, на Бал­ка­нот мо­же да се спо­ре­ди со тоа да­ли има­ме до­вер­ба во со­пру­га­та или не. Тоа е вна­треш­но чув­ство на си­те што жи­ве­е­ме ту­ка и кои по­не­ко­гаш не­ма­ме до­вер­ба во ни­што и во ни­ко­го. Тоа се слу­чу­ва и со из­би­рач­ки­от спи­сок, кој е ос­по­ру­ван од си­те акте­ри­те што учес­тву­ваа и за­гу­би­ле во из­бор­ни­те про­це­си уште од по­че­то­кот на 90-ти­те го­ди­ни, ко­га за прв­пат ор­га­ни­зи­рав­ме пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри, па сè до­се­га. Но, ко­га ќе по­бе­дат, то­гаш раз­лич­но тол­ку­ва­ат и има­ат до­вер­ба. Ние мо­ра да го сме­ни­ме мен­та­ли­те­тот и да поч­не­ме да им ве­ру­ва­ме на ин­сти­ту­ци­и­те на др­жа­ва­та, кои ние ги соз­да­дов­ме и во кои се вклу­че­ни ли­ца што про­фе­си­о­нал­но си ја вр­шат ра­бо­та­та.

Ед­на од тие ин­сти­ту­ции кон ко­ја е свр­тен фо­ку­сот е ДИК, во ко­ја има чле­но­ви од по­ли­тич­ки­те пар­тии. По­втор­но, пар­ти­и­те, чи­и­што чле­но­ви се дел од ДИК, па и ја ра­ко­во­дат, опо­зи­ци­ја­та, соз­да­ва­ат, ка­ко што ве­ли­те, чув­ство за не­до­вер­ба кон из­би­рач­ки­от спи­сок. Ту­ка ќе ги спо­ме­нам по­ло­ви­на­та ми­ли­он фан­том­ски гла­са­чи, па 300.000, па 200.000, па 350.000,  па на крај сè све­де на 39.502 гла­са­чи што тре­ба да на­пра­ват актив­на ре­ги­стра­ци­ја.

– Јас са­кам да ела­бо­ри­рам ка­ко се соз­да­ва овој до­ку­мент. Ова е ва­жен до­ку­мент и ние ка­ко ДИК сме во ко­ре­ла­ци­ја со МВР, кое во­ди ре­ги­стар на  др­жав­ја­ни­те на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, из­да­ва лич­ни кар­ти и пат­ни ис­пра­ви за тие гра­ѓа­ни и до­де­лу­ва жи­ве­а­ли­шта на гра­ѓа­ни­те. Од ту­ка ги цр­пи­ме си­те по­да­то­ци за да на­пра­ви­ме из­би­рач­ки спи­сок со гра­ѓа­ни што ги ис­пол­ну­ва­ат ус­ло­ви­те за да би­дат во тој спи­сок. Тие ус­ло­ви се опре­де­ле­ни со Устав и со за­кон: ако е гра­ѓа­нин на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, со на­вр­ше­ни 18 го­ди­ни и има ва­лид­на лич­на кар­та или пат­на ис­пра­ва, има пра­во да би­де на из­би­рач­ки спи­сок. Ова е га­ран­ти­ра­но пра­во на глас на се­кој гра­ѓа­нин со ме­ѓу­на­род­ни прав­ни акти. Од кра­јот на 2015 го­ди­на но­ви­от со­став на ДИК е ком­по­ни­ран со трој­ца струч­ња­ци, кои ја пред­во­дат Ко­ми­си­ја­та, по­тоа со трој­ца чле­но­ви од по­зи­ци­ја­та и со трој­ца од опо­зи­ци­ја­та, со цел да се соз­да­де до­вер­ба во из­би­рач­ки­от спи­сок. Трој­ца­та струч­ња­ци се нај­ком­пе­тент­ни за да се соз­да­де до­вер­ба, а, исто та­ка, и чле­но­ви­те од пар­ти­и­те се пр­венс­тве­но про­фе­си­о­нал­ци, а по­тоа пар­ти­ски прет­став­ни­ци. Ве­ќе осум ме­се­ци се ра­бо­ти на оваа проб­ле­ма­ти­ка, со ме­то­до­ло­ги­ја за ко­ја да­доа сог­лас­ност си­те че­ти­ри по­ли­тич­ки пар­тии. Исто та­ка, ДИК за да ја вра­ти до­вер­ба­та склу­чи и ме­мо­ран­дум за со­ра­бо­тка со ИФЕС – Ин­тер­на­ци­о­нал­на ор­га­ни­за­ци­ја за из­бор­но­то пра­во. Имав­ме и ме­ѓу­на­ро­ден струч­њак за обра­бо­тка на по­да­то­ци­те за спро­ве­ду­ва­ње на ме­то­до­ло­ги­ја­та и не­го­ва­та ра­бо­та е мно­гу зна­чај­на за ре­зул­та­ти­те. Дој­дов­ме во ед­на со­стој­ба во ко­ја, отка­ко бе­ше усво­ен из­ве­шта­јот со мно­зинс­тво во ДИК, од опо­зи­ци­ја­та по­втор­но не­ма­ше до­вер­ба во ва­кви­от из­би­рач­ки спи­сок. Че­ти­ри­те пар­тии со анекс на До­го­во­рот од Пр­жи­но на­пра­ви­ја 39.502 гла­са­чи уште ед­наш да се про­ве­рат, да мо­жат да се при­ја­ват во рок од 25 де­на, од­нос­но до 19 август и да ја до­ка­жат ви­сти­ни­то­ста на по­да­то­ци­те. Ако не се при­ја­ват, не­ма да би­дат на из­би­рач­ки­от спи­сок на овие из­бо­ри. Но, ко­га ќе би­де јав­ни­от увид пред из­бо­ри­те, има уште еден рок од 15 де­на, ко­га овие гра­ѓа­ни ќе мо­же по­втор­но да се при­ја­ват и да би­дат вклу­че­ни во из­би­рач­ки­от спи­сок.

„Из­бо­ри ка­ко во Швед­ска“

-Мис­лам де­ка се­га, со овие из­ме­ни на за­ко­ни­те, не са­мо на из­бор­ни­от за­ко­ник, со фор­ми­ра­ње те­ла што ќе би­дат мно­гу про­фе­си­о­нал­ни, со по­го­ле­ма обу­ка и на по­ли­ци­ја­та, обу­ки на из­би­рач­ки­те од­бо­ри и на оп­штин­ски­те из­бор­ни ко­ми­сии, а зна­е­ме кол­ку се овие из­бо­ри зна­чај­ни за Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, ако си­те ра­бо­тат на за­да­чи­те што им се да­де­ни,  се­ко­ја ин­сти­ту­ци­ја и по­ли­тич­ка пар­ти­ја, кои се акте­ри што вли­ја­ат на про­це­сот, ние ќе ус­пе­е­ме да спро­ве­де­ме фер и де­мо­крат­ски и ве­ро­до­стој­ни из­бо­ри. Ние сме та­ков мен­та­ли­тет, ко­га го са­ка­ме тоа, го пра­ви­ме по­до­бро и од скан­ди­нав­ски­те зем­ји, а ко­га не са­ка­ме, се спо­ре­ду­ва­ме со нај­не­раз­ви­е­ни­те др­жа­ви. А не де­ка не мо­же­ме, ова оп­штес­тво има ка­па­ци­тет, и зре­ли сме за тоа.

Во овие две „ге­не­рал­ни про­би“ на из­бо­ри­те, од­ло­жу­ва­ни со по­ли­тич­ка од­лу­ка, дој­до­вте до ед­на си­ту­а­ци­ја во ко­ја ме­сто да се на­ма­ли, из­би­рач­ки­от спи­сок се зго­ле­ми, во сог­лас­ност со бро­јот на др­жав­јанс­тва и пол­но­лет­ни гра­ѓа­ни. Се по­ја­ви еден спи­сок со „фан­то­ми“ што тре­ба да се про­ве­ру­ва­ат, а се­га по­втор­но дој­дов­ме до таа број­ка од 39.502 гла­са­чи, кои тре­ба да се при­ја­ват. Па ка­ко дој­де до тоа на таа „фан­том­ска ли­ста“ да се нај­дат, на при­мер, про­фе­сор­ка­та Нај­чев­ска, се­стра­та на Ше­ке­рин­ска, Гор­дан Ге­ор­ги­ев, Пав­ле Тра­ја­нов? Што не­до­сти­га­ло?

– Ме­то­до­ло­ги­ја­та за про­вер­ка бе­ше из­би­рач­ки­от спи­сок да се вкр­сти со ба­за­та на по­да­то­ци на 10 ин­сти­ту­ции, кои во­дат ре­ги­стар на гра­ѓа­ни – ка­та­стар, здрав­стве­но или пен­зи­ско оси­гу­ру­ва­ње или дру­ги ин­сти­ту­ции што во­дат ва­кви по­да­то­ци за да мо­же да ви­ди­ме кол­ку се прек­ло­пу­ва­ат. ДИК со ме­ѓу­на­род­ни­те струч­ња­ци од ИФЕС соз­да­де и усвои 32 пра­ша­ња ка­ко да се про­ве­рат гра­ѓа­ни­те. Не­кои од пра­ша­ња­та, мо­же­би, беа не­ло­гич­ни, но ги при­фа­тив­ме за да мо­же да го ис­цр­пи­ме пра­ша­ње­то да­ли во Ма­ке­до­ни­ја по­сто­јат фан­том­ски гла­са­чи. Та­ка, на тие струч­ња­ци им доз­во­лив­ме да би­дат вклу­че­ни пра­ша­ња, на при­мер, ако во ед­на ку­ќа жи­ве­ат по­ве­ќе од 20 чле­но­ви да би­дат про­ве­ре­ни си­те, без раз­ли­ка да­ли има­ат до­ку­мен­ти. Или ако во еден стан има по­ве­ќе од осум чле­но­ви. По­тоа, ако во ед­на ку­ќа има по­ве­ќе од 10 чле­но­ви, или во стан по­ве­ќе од шест­ми­на, а во се­мејс­тво­то има­ат раз­лич­ни пре­зи­ми­ња. Има­ше раз­лич­ни пра­ша­ња со кои би мо­же­ле да нај­де­ме и да­ли, на при­мер, лу­ѓе­то жи­ве­ат или не во на­ве­де­на згра­да, или згра­да што, мо­же­би, и не по­стои. Во це­ли­от про­цес нај­дов­ме не­до­ста­то­ци на обра­бо­тка­та на по­да­то­ци­те во си­сте­мот на ур­ба­ни­стич­ко пла­ни­ра­ње, уште има проб­ле­ми со ими­ња­та на ули­ци­те, со про­ме­ни­те што се пра­ват и дру­ги проб­ле­ми. И се­га се мис­ли де­ка се „фан­то­ми“си­те тие што про­из­ле­гоа од тој про­цес по­ра­ди не­кој про­пуст од овој тип. Тоа е ед­на не­ло­гич­на и бр­за ин­тер­пре­та­ци­ја од раз­ни струч­ња­ци и ана­ли­ти­ча­ри што де­ба­ти­ра­ат, а кои не ја зна­ат до­бро оваа проб­ле­ма­ти­ка. Се­га из­ле­зе де­ка лу­ѓе­то што има­ат не­точ­ни по­да­то­ци во са­ми­те ре­ги­стри се „фан­том­ски гла­са­чи“. Мис­лам де­ка по­ле­ка ќе дој­де­ме до ед­на ре­ал­ност. ДИК во 2013 го­ди­на иск­лу­чи по­ве­ќе од 120.000 гла­са­чи од из­би­рач­ки­от спи­сок што не­ма­ле ва­лид­на лич­на кар­та или пат­на ис­пра­ва. Ни­кој не се жа­ле­ше, а мно­гу „екс­пер­ти“ и то­гаш ве­леа де­ка ДИК вр­ши „не­у­став­на од­лу­ка“ со тоа што не ги за­пи­шал овие из­би­ра­чи. За­ко­нот за тоа кој мо­же да би­де впи­шан во из­би­рач­ки­от спи­сок е ја­сен. Ќе по­вто­рам, ме­ди­у­ми­те, раз­лич­ни ана­ли­ти­ча­ри што не ја раз­би­ра­ат те­ма­ти­ка­та и по­ли­тич­ки акте­ри при­до­не­су­ваа да не­ма до­вер­ба во из­би­рач­ки­от спи­сок. Мис­лам де­ка се­га ве­ќе се раз­јас­не­ти мно­гу ра­бо­ти, ДИК ве­ќе осум ме­се­ци ра­бо­ти јав­но и транс­па­рент­но, со вклу­че­ни ме­ѓу­на­род­ни струч­ња­ци. Се­га јав­но ги по­ви­ку­ва­ме се­га си­те прет­став­ни­ци на ам­ба­са­ди што се за­ин­те­ре­си­ра­ни, по­тоа ОБ­СЕ/ОДИХР и дру­ги да се за­поз­на­ат со проб­ле­ма­ти­ка­та што ја има­ме во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Јас ги по­ви­ку­вам и трој­ца­та на­ши струч­ња­ци од ДИК, пре­тсе­да­те­лот и не­го­ви­те за­ме­ни­ци, да би­дат повк­лу­че­ни во овој про­цес и во ме­ди­у­ми­те, за да мо­же да се вра­ти до­вер­ба­та во Из­би­рач­ки­от спи­сок.

И „Ре­пуб­ли­ка“ го по­ка­ну­ва пре­тсе­да­те­лот на ДИК, струч­ња­кот Чи­ча­ков­ски, да дој­де на ин­терв­ју, иа­ко до­се­га не при­фа­ти ни­ед­на на­ша по­ка­на. Чи­ча­ков­ски е од ре­до­ви­те на СДСМ и во­ед­но е струч­њак што ја во­ди ДИК. Струч­ња­кот, пак,  кој во вла­да­та за спро­ве­ду­ва­ње из­бо­ри сед­на ка­ко ми­ни­стер на МВР, Оли­вер Спа­сов­ски од СДСМ, по­ба­ра да би­дат из­бри­ша­ни 138.000 гла­са­чи, па вие го од­би­вте и пис­ме­но му го об­јас­ни­вте за­ко­нот. Тоа ли се струч­ња­ци­те и та­кво ли е нив­но­то од­не­су­ва­ње во ДИК?

– Ние не мо­же­ме да ра­бо­ти­ме со број­ки што ги да­ва­ат ми­ни­стер или ин­сти­ту­ци­ја, ние број­ки­те ги обра­бо­ту­ва­ме во сог­лас­ност со Из­бор­ни­от за­ко­ник. Та­му не стои де­ка се­кој гла­сач тре­ба да го про­ве­ру­ва­ме да­ли му е ва­лид­на лич­на­та кар­та, па­со­шот или да­ли му е тоа жи­ве­а­ли­ште­то, или по ко­ја ос­но­ва ги здо­бил. Тоа е во над­леж­ност на МВР. Тоа што на­ве­ду­ва­ше ми­ни­сте­рот, тој мо­же да ка­же та­ка, но не го тол­ку­ва из­бор­ни­от за­ко­ник, ка­де што ра­бо­та­та е јас­на, тре­ба да се има еден од до­ку­мен­ти­те за да мо­же гла­са­чот да би­де вклу­чен во из­би­рач­ки­от спи­сок. Ние ка­ко ДИК се фо­ку­си­ра­ме да ги ин­тер­пре­ти­ра­ме одред­би­те од тој за­ко­ник без ог­лед на тоа да­ли не­кој се сог­ла­су­ва со нив или не, за­тоа по­стои и гла­са­ње со мно­зинс­тво.

 

Во мај ги по­ви­ка­вте Ми­лев и Ду­ма од СДСМ, ка­ко и Чи­ча­ков­ски, отка­ко не го пот­пи­шаа за­врш­ни­от из­ве­штај, да до­ста­ват за­бе­ле­шки и до­ка­зи за не­ка­ква ано­ма­ли­ја на из­би­рач­ки­от спи­сок. До­ста­ви­ја ли та­ков до­каз?

– Не, зна­е­те, на­ши­те сед­ни­ци се јав­ни, нѐ сле­дат ме­ди­у­ми­те, јав­но­ста, со цел соз­да­ва­ње до­вер­ба, но ние не­ко­гаш си пра­ви­ме и ште­та, ко­га де­ба­ти­ра­ме за не­што што е уре­де­но. Тоа е нив­но пра­во, да не го при­фа­тат или да го ос­по­рат из­ве­шта­јот, но ДИК за­кон­ски ра­бо­ти со мно­зинс­тво. По­да­то­ци­те во Из­би­рач­ки­от спи­сок се точ­ни и не­ма не­ре­гу­лар­но­сти. Се­га се до­ка­жу­ва де­ка се точ­ни.

Што се из­ме­ни од мај до­се­га за се­га тие трој­ца­та да го при­фа­тат за­врш­ни­от из­ве­штај?

– Па ова се­га е до­го­вор ме­ѓу че­ти­ри­те по­ли­тич­ки пар­тии, тие, си­гур­но, ана­ли­зи­ра­ле.

Да­ли не­при­фа­ќа­ње­то на Чи­ча­ков­ски  то­гаш би­ло ре­зул­тат на пар­ти­ско дејс­тву­ва­ње во ДИК или ка­ко струч­њак?

– Јас не би мо­жел да го твр­дам тоа, ин­тен­ци­ја­та за овие 39.502 гра­ѓа­ни и 171.000 да се ста­ват на по­се­бен спи­сок бе­ше ток­му на СДСМ. Ние имав­ме не­кол­ку за­ед­нич­ки сред­би на кои ука­жав­ме на со­стој­би­те и на крај про­из­ле­гоа из­ме­ни­те во Из­бор­ни­от за­ко­ник за да мо­же ДИК да го спро­ве­де тоа што е до­не­се­но со из­ме­ни­те. Та­ка, ДИК се­га е во таа уло­га и на крај ќе из­ле­зе­ме со ре­зул­тат, од­нос­но мис­лам де­ка и тие чле­но­ви што беа про­тив, се­га ќе ја по­твр­дат оваа ре­ал­ност. Ка­ко се тол­ку­ва по­ли­тич­ки, тоа е нив­на ра­бо­та.

Ова Ве пра­шав, за да се вра­ти­ме на до­вер­ба­та. Зад овој спи­сок тре­ба да за­ста­нат си­те.

– Ние си­те тре­ба да при­до­не­се­ме за до­вер­ба­та. Јас сум пред­ло­жен од ДУИ за во ДИК, но пр­во сум про­фе­си­о­на­лец, а по­тоа по­ли­тич­ки прет­став­ник. Мо­ја­та по­ли­тич­ка пар­ти­ја тре­ба да ве­ру­ва во ме­не, во тоа што го ка­жу­вам и тре­ба да сто­јам на таа ви­сти­на. Ако не ѝ се до­па­ѓа ви­сти­на­та на пар­ти­ја­та, таа не­ка нај­де дру­го али­би. Мис­лам де­ка ве­ќе тре­ба да се фо­ку­си­ра­ме на про­фе­си­о­нал­но­ста и на тоа што е ре­ал­но, без раз­ли­ка на по­ли­тич­ка­та при­пад­ност. По­стои про­фе­сор­ка­та Нај­чев­ска, не мо­жам да ка­жам де­ка е „фан­том“. Тре­ба да пре­ста­не­ме да го упо­тре­бу­ва­ме збо­рот „фан­том“, тоа е на­вред­ли­во. Зна­е­те што е фан­том? На не­по­стој­на лич­ност да ѝ из­да­деш др­жав­јанс­тво, па жи­ве­а­ли­ште, па лич­на кар­та, пат­на ис­пра­ва. Кој би сме­ел, ко­ја ин­сти­ту­ци­ја би мо­же­ла да пра­ви та­кви не­ре­гу­лар­но­сти? Мис­лам де­ка ова ве­ќе е над­ми­на­то и ве­ќе ни­кој не тре­ба да спо­ме­ну­ва де­ка во Ма­ке­до­ни­ја по­сто­јат фан­том­ски гла­са­чи.

Да ги ела­бо­ри­ра­ме и тие 171.000 лу­ѓе, кои ќе би­дат обе­ле­жа­ни со ѕвез­дич­ка, кои ќе тре­ба да ка­жат ка­де ќе гла­са­ат, во странс­тво или во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја.

– Овие 171.000 лу­ѓе, исто та­ка, про­из­ле­гоа од овие 32 пра­ша­ња во ме­то­до­ло­ги­ја­та. Тие гла­са­чи не се нај­де­ни во не­кол­ку ба­зи на по­да­то­ци и се сме­та де­ка се над­вор од зем­ја­ва по­ве­ќе од три ме­се­ци. Пар­ти­и­те се до­го­во­ри­ја за по­се­бен из­вод од из­би­рач­ки­от спи­сок, за из­би­рач­ки­от од­бор да има по­го­ле­мо вни­ма­ние кон овие гла­са­чи за да не се на­пра­ви зло­у­по­тре­ба. Тие ќе има­ат пра­во да гла­са­ат или над­вор, или во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Но и оваа број­ка не е ре­ал­на, де­ка си­те се над­вор од Ма­ке­до­ни­ја. Поз­на­вам мно­гу­ми­на што се ту­ка, а кра­тко вре­ме би­ле над­вор.

Ќе вли­јае ли овој по­се­бен спи­сок на ло­кал­ни­те из­бо­ри?

– Не, би­деј­ќи ова ќе ва­жи са­мо за овие из­бо­ри, за да се вра­ти до­вер­ба­та. Овие гла­са­чи не се спор­ни, ту­ку тре­ба да има по­го­ле­ма про­вер­ка и вни­ма­ние за да не­ма зло­у­по­тре­ба.

До­се­га има­ше не­кол­ку из­ме­ни на за­ко­нот, има­ше и обе­ле­жу­ва­ње на пр­сти­те, а се­га ќе има фо­то­гра­фии. Ќе има ли проб­ле­ми, на при­мер, око­лу фри­зу­ри­те?

– Се­га има­ме би­о­ме­три­ски до­ку­мен­ти. Ова ќе ва­жи за си­те из­бо­ри. Мис­лам де­ка не­ма да се по­ја­ват мно­гу проб­ле­ми. Ние сме раз­го­ва­ра­ле, има­ше во Ко­со­во проб­ле­ми, осо­бе­но со же­ни­те што се фо­то­гра­фи­ра­ни без ша­мии, а на из­бор­ни­от ден не са­ка­ле да ја из­ва­дат ша­ми­ја­та. Но ние ќе го спро­ве­де­ме ова за прв­пат и мис­лам де­ка не­ма да би­де ефи­кас­но, ту­ку де­ка ќе по­мог­не во тоа да не го ос­по­ру­ва­ме про­це­сот на гла­са­ње­то и тој да по­ми­не без ни­ка­ква дам­ка. Се­га тре­ба да мис­ли­ме по­зи­тив­но и да по­мог­не­ме во про­це­сот. Се ра­бо­ти за др­жа­ва­та, за си­те гра­ѓа­ни, кои не се ви­нов­ни за не­ре­гу­лар­но­сти, а тие што пра­ват не­ре­гу­лар­но­сти, да би­дат каз­не­ти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top