| четврток, 6 декември 2018 |

Погледнете ја снимката од фаталниот скок на Словенецот во Дрина

Градската управа на Зворник соопшти дека скокачот во вода Андреј Беуц од Словенија настрадал при скокот од мостот на Дрина.

Професионалниот падобранец скокна од висина на 20 метри, по скокот прво се појави над водата, но потоа исчезна под водата.

timthumb

Организаторите ги презедоа сите неопходни активнсти овој настан да помине во најдобар ред. Сите скокачи потпишаа изјави дека скокаат на сопствена одговорност и беа запознаени со временските услови во Зворник, се наведува во соопштението од градската управа.

Откако телото ќе биде пронајдено и надлежните органи извршат истрага, од Градската управа наведуваат дека тогаш ќе биде позната причината за смртта. Поради трагичната случка, одложени се сите содржини на „Зворничко лето“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top