Со бројни културно-уметнички и научни содржини, Охрид и Македонија денеска ќе го одбележат големиот јубилеј 1.100 години од упокојувањето на свети Климент Охридски – закрилникот и патрон на македонскиот народ и на Македонската православна црква.
Прославата е под покровителство на претседателот на Република Македонија, МАНУ и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола, а ќе се реализира на национално ниво во соработка со министерствата за култура и за образование и наука, МПЦ, високонаучните институции во државата, градот Охрид и други установи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.