Делото на Свети Климент нè упатува кон врвните етички вредности и принципи. Да имаме личен и професионален интегритет. Да бидеме одговорни, бидејќи секое стекнато право подразбира и одговорност. Нашата одговорност е да му служиме на народот на најдобар можен начин како што знаеме и умееме, и одговорно да се однесуваме кон заедничките интереси. До последниот атом од нашата сила и до крајни граници од нашите можности.
Ова го истакна премиерот Никола Груевски на денешната Академија по повод празникот Свети Климент Охридски.
-И тогаш кога мислиме дека сме дале се од себе, да се сетиме на него и да ја преиспитаме нашата мисла. Да се угледаме на трудољубивоста, посветеноста кон извршување на задачите и волјата за подвиг која ја имал во себе. Да помислиме на нашите ветувања и неговите очекувања. Како што кажав минатата година, Св. Климент не учи дека “Се што е вредно за паметење, никогаш не било лесно за остварување !“ Овие пораки и вредносната димензија на овој празник ни дава добар пример како треба да се однесуваме ние политичарите во нашите меѓусебни релации и во релациите кои ги имаме со народот. Во политиката, како и во секоја друга професија, мора да има морал, принципи и вредности. Политиката не е изолирана работа, туку таа е поврзана со сите други работи, и мора да биде пример за коректно однесување и постапување, рече премиерот Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии