Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на „сите ѕвона“ разгласи дека ќе патува за Русија, посета за време на која ќе се сретне со тамошниот колега Владимир Путин.
Ердоган патува за Москва во вторник, а се очекува разговорите со Путин ќе отворат една нова страница во односите на двете земји.
Турскиот претседател додаде и дека Европската Унија ja залажува Турција веќе 53 години.
– Ова ќе биде историска посета, нов почеток. Верувам дека разговорите со мојот пријател Владимир Путин ќе отворат нова страница во билатералните односи. Нашите земји можат многу работи да направат заедно – рече Ердоган во интервјуто за новинската агенција ТАСС.
Ердоган додаде дека Европската Унија избегнува да го исполне своето ветување, додека учеството на Русија е од витално значење за пронаоѓање решение за Сирија.
Настојувањето Турција да влезе во ЕУ трае од 1963 година, кога земјата стана придружен член на Евроспката економска заедница, претходницата на денешната Унија. Барање за членство поднела во април 1987 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.