| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо и Ибрахимовиќ со трофеј ја започнаа одисејата во Манчестер јунајтед (видео)

ibrahimovic

Манчестер јунајтед е нов освојувач на Комјунити шилд трофејот во Англија, откако го совладаа Лестер со 2:1.

Првата титула на Жозе Мурињо како тренер на „Црвените ѓаволи” му го донесоа Џеси Лингард и Златан Ибрахимовиќ со голови во 31, односно 83. минута. Единствениот гол за Лестер беше дело на Џејми Варди во 52. минута.

Ако се суди според овој меч, јасно е дека пулените на Мурињо ќе бидат едни од главните претенденти за титулата во Премиер лигата. Овој податок се знаеше од претходно, но, сега со реализацијата на трансферот на Пол Погба, Манчестер ќе има супер моќен тим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top