Аргентинскиот ас Емануел Џинобили не знае да згреши во клучните моменти и е вистински џокер на Сан Антонио. Спарс по две продолженија го победи Голден стејт со 129-127, а успехот го донесе популарниот Ману, со тројка на 1,2 секундa до крајот. Голема грешка направија гостинските кошаркари од Сан Франциско, го оставија осамен Аргентинецот, а овој погоди за предност од 1-0 на Сан Антонио во серијата до 4 победи. Погодокот за три поени на Ману е број 1 на најновото издание на Топ 5 најдобри моменти, од ноќешната програма.
Сан Антонио до победа го предводеше Тони Паркер со 28 поени, 8 скока и ист број асистенции, Дени Грин погоди 6 тројки од 9 обиди, а Џинобили го заврши натпреварот со 16 поени, 11 асистенции и 7 скока. Кај гостите извонреден беше Стеф Кари со 44 поени, што е најдобар ефект на кој било кошаркар против Сан Антонио во историјата на плејоф-натпреварите. Тој имаше и 11 асистенции. Клеј Томпсон и Харисон Барнс постигнаа по 19 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)