| четврток, 6 декември 2018 |

Ромевски: Се случи феномен кој што придонесе за катастрофата

romevskiВо момент на дување на 70 километри на час на ветерот, атмосферската нестабилна маса застана, буквално застана на место и почна да истура огромно количество, буквално една водна бомба на таа територија, изјави Оливер Ромевски, директор на УХМР.

-На Зајчев Рид измеривме 95 литри, а еве го податокот кој што вели дека во Петровец имало само 5 литри. Значи буквално просторот го загради, природата си го направи своето и придонесе до една ваква несакана катастрофа. Подоцна тргна повторно да се извлекува по логичната траекторија, но повторно нелогично се врати назад и тоа беше оној втор бран што се појави после 10 ипол 11 часот кој што придонесе ситуацијата да стане многу полоша, рече Ромевски.

Овој влажен бран, нагласи Ромевски, ќе следи и денеска, повторно во попладневните часови, се работи за многу нестабилна воздушна маса за која никој со точност не може да се прогнозира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top