| четврток, 6 декември 2018 |

Пол­не­ти ти­квич­ки со ориз и со пе­чур­ки

Па­за­ри­те се пол­ни се свеж зе­лен­чук, па иско­ри­сте­те го тоа што ви го ну­дат. Про­ше­тај­те до најб­ли­ски­от па­зар, ку­пе­те ти по­треб­ни­те со­стој­ки, све­жи, се раз­би­ра, и ужи­вај­те во ја­де­ње­то. Не­ма да по­гре­ши­те ако на­пра­ви­те пол­не­ти ти­квич­ки со ориз и со пе­чур­ки. Не­ма да ви од­зе­мат мно­гу вре­ме, а ќе ужи­ва­те во крај­ни­от ре­зул­тат.

поленти тикички

Со­стој­ки:

2 мла­ди ти­квич­ки

250 гра­ма ориз

250 гра­ма све­жи пе­чур­ки

Кро­мид

2 зе­ле­ни пи­пер­ки

2 до­ма­та

2 мор­ко­ва

Лук, маг­до­нос, сол, црн пи­пер, ме­шан за­чин, ори­га­но, цр­ве­на сол

Под­го­то­вка:

Уба­во из­миј­те ги и из­лу­пе­те ги мла­ди­те ти­квич­ки. Пре­се­че­те ги на не­кол­ку де­ло­ви и из­лу­пе­те ја вна­треш­но­ста. Та­ва­та под­мач­кај­те ја со мас­ло за ја­де­ње или со пу­тер. На­ре­де­те ги вна­тре ти­квич­ки­те.

Ори­зот ва­ре­те го де­се­ти­на ми­ну­ти и по­тоа про­це­де­те го низ сту­де­на во­да.

На шпо­рет за­греј­те мас­ло за ја­де­ње во ед­на та­ва. До­дај­те го сит­но исеч­ка­ни­от кро­мид, за­чи­не­те со сол, црн пи­пер, ме­шан сув зе­лен­чук и оста­ве­те го да се дин­сту­ва. По­тоа до­дај­те сит­но сеч­ка­ни пе­чур­ки, пи­пер­ки и мор­ко­ви. По­тоа до­дај­те го ори­зот и пр­же­те уште мал­ку до­де­ка се­та сме­са не би­де го­то­ва. На крај до­дај­те ги исеч­ка­ни­от маг­до­нос и лук. Со оваа сме­са на­пол­не­те ги ти­квич­ки­те. До­ма­ти­те исеч­кај­те ги на кру­го­ви и на­ре­де­те ги врз ти­квич­ки­те. На­леј­те во­да до по­ло­ви­на на ти­квич­ки­те и во во­да­та до­дај­те до­мат­но пи­ре или рен­дан до­мат. По­криј­те ја та­ва­та со ка­пак. Не­ка се пе­чат во рер­на 45 ми­ну­ти. Де­се­ти­на ми­ну­ти пред два би­дат го­то­ви, из­ва­де­те го ка­па­кот, да се пот­пе­чат.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top