| четврток, 6 декември 2018 |

Вознемирувачко видео, гимнастичар скрши нога на ОИ во Рио

gimansticar

Првиот натпреварувачки ден во гимнастика на ОИ донесе и тешка повреда, откако Французинот Самир Аит Саид заработи скршеница на ногата при доскокот во квалификациите во дисциплината прескок.

Веднаш по скокот дури и пред ТВ екраните можеше да се слушне звукот на пукање на коската, по што Саид остана да лежи во агонија. Тој требаше да настапи во неколку различни дисциплини, а токму „прескокот“ требаше да биде негова силна страна.

За жал, натпреварувањето за францускиот гимнастичар на овие Олимписки игри заврши прерано.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top