| четврток, 6 декември 2018 |

Спасов: Сите служби излегоа на терен да им помогнат на граѓаните

Владата на Република Македонија заедно со поголем број на институции, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за одбрана, АРМ,  екипи и од Црвениот крст се излезени на терен. Сите служби се обидуваат на граѓаните да им дадат максимална поддршка и помош кои се погодени од невремето.

Ова вечера го истакна министерот за труд и социјална политика Диме Спасов кој го посети кризниот штаб кој градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски го формираше по невремето и поплавите во Скопје.

Спасов истакна дека според првичните информации поголеми штети има во скопскиот, а помали во тетовскиот регион.

-Неочекувано дојде до поголеми поплави во поголем број на населени места во скопско. Институциите се веќе на терен и се обидуваме максимално да им дадеме поддршка на сите кои им е потребна помош, – истакна Спасов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top