Паркинг и улица во изградба се урнаа во јама ископана за изградба на нова зграда во скопската населба Аеродром вечерва. Поради невремето улицата која е во изградба и поминува паралелно со булеварот „Трета македонска бригада“ се наполни со вода, по што за кратко време водата почна да претекува во ископината на градилиштето, објави порталот „Телеграф“.
Дел од улицата пропадна во јамата, а почна да се урива и дел од паркингот пред зградата со број 43. на булеварот „Трета македонска бригада“.
За малку беше избегната и трагедија. Едно возило со две девојки помина врз паркингот, неколку мига пред тој да се урне во длабоката јама на градилиштето. Поради свлечиштето кое се појави, пукнаа дел од водоводните цевки кои поминуваат покрај улицата во изградба, а пропаднаа и дел од шахтите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)