| четврток, 6 декември 2018 |

Ливерпул и одржа лекција на Барселона на „Вембли“ (видео)

liverpul

Ливерпул и одржа убава лекција на Барселона на пријателскиот натпревар на „Вембли“ триумфирајќи со убедливи 4-0. Избраниците на Јирген Клоп, очигледно имаат далеку поголем мотив за надигрување од тимот предводен од Лионел Меси.

Ливерпул поведе со голот на Мане уште во 15. минута од натпреварот, кој го постигна својот деби гол во дресот на „црвените“. И, сигурно, не можеше да одбере подобар натпревар за прв погодокот за Ливерпул.

Во 47. минута од натпреварот со автоголот на Маскерано, Ливерпул дојде до водство од 2-0, а веќе во 48. минута Ориги зголеми на 3-0. Во 93. минута, и Марко Грујиќ стрелаше против големата Барселона запечатувајќи ја победата од 4-0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top