| четврток, 6 декември 2018 |

Обединетите нации следат порноѕвезда на „Твитер“

Службениот профил на Обединетите нации на „Твитер“ ги следат специјалните мисии на ОН низ светот, шефовите на државите и една порноѕвезда.

Профилот на германската порноактерка Пенелопе Блек Дајмонд (@PBDBigBustyStar) е пронајден меѓу 537 корисници кои ги следи профилот на ОН. Кога порталот „Фри рипаблик“ ја објави оваа вест, веднаш беше тргната од листата.

twitter

Профилот на ОН, кој го следат 1.464.367 корисници на „Твитер“, меѓу оние понеочекувани профили кои ги следи се и оние на Рики Мартин и Шакира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top