Иако гледање порнографија во многу земји е легално по 18. година, многу деца имаат пристап до содржините за возрасни. Ново истражување покажало дека гледањето порнографија во младост влијае на тоа децата рано да стапат во сексуални односи, и подоцна во животот имаат нездрави сексуални навики.
Истражувачите се надеваат дека ова откритие ќе ги охрабри влстите да им пружат подобро сексуално образование на децата додека се млади. Со истражувањето е утврдено дека овие лица ретко користат контацепција и имаат повеќе партнери во исто време.
Во истражувањето учестувале 73 лица на возраст од 18 до 25 години кои одговарале на прашалникот за своите навики на гледање порнографија и сексуално однесување. Анализата на резултатите покажала дека во просек тие почнале да гледаат порнографија на 12 години, а веќе една година подоцна имале сексуални односи.
Утврдено е дека жените кои како млади гледале порнографија, имале повеќе партнери отколку мажитте. Но, гледање сексуално експлицитна содржина во филмови немаат штетно влијание на сексуалното однесување.
Истражувањето заклучува дека децата почнуват да експериментираат бидејќи немаат адекватни извори на информации во образованието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.