Eдно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа што попладнево се случи на локалниот пат Охрид – Свети Наум, на делот од патот што од Пештани води во насока кон автокампот „Градиште“ .
Според првичните информации потврдени од Секторот за внатрешни работи од Охрид, до несреќата дошло при директен судар на комбе „Волксваген“ со моторцикл, кој од непознати причини прешол на спротивната страна од коловозот.
Во несреќата е повредено уште едно лице, сопатникот на моторциклот кој се здобил со животнозагрозувачки повреди во несреќата.
На лице место во тек е истрага за утврдување на причините и околностите на несреќата, поради што во моментот во прекин е сообраќајот на тој доста фреквентен патен правец што води кон плажите на источниот брег на Охридското Езеро. Дополнително увидот ќе биде пролонгиран поради невремето што го зафати охридскиот регион проследено со интензивни врнежи од дожд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун


