Скопје попладнево е зафатено од силно невреме, врне силен дожд, проследен со силни грмотевици и силен ветар.
Врнежи во западниот регион се можни и во текот на вечерта, а локално и во ноќните часови.
Од денеска попладне до понеделник, според синоптичарите ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во целата земја.
Како што јавуваат читатели, поради дождот блокиран е сообраќајот во Автокоманда. Во скопска Кисела Вода автомобилите на жителите се заглавени во кал. Вода има до вратите на автомобилите паркирани на „Христо Татарчев“. Жителите јавуаат дека има вода и во гаражите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


