| четврток, 6 декември 2018 |

По заканите до Мијалков и Камчев: Избришан е профилот на Дејан Трајковски – Близнак!

Избришан е профилот на Дејан Трајковски – Близнак, кој на социјалните мрежи беше именуван по неговото куче Перла Трајковска од каде што беа испраќани закани до бизнисменот Орце Камчев и поранешниот шеф на ДБК Сашо Мијалков.

„Еден куршум чини две евра, а за тоа немаш одбрана со кумот“. Со овие зборои Даниел Трајковски – Близнак, висок функционер во СДСМ и најблизок соработник на Зоран Заев и Петре Шилегов се заканувал на социјалните мрежи.

bliznak_profil

Даниел Трајковски – Близнак е познат криминалец и висок партиски функционер во СДСМ. Тој заедно со неговиот брат Дејан, кој исто така извршува високи партиски задачи во СДСМ, имаат богати досиеја и се многу добро познати на полицијата, но и на многуте граѓани кои ги тероризирале досега. „Близнаците од Ѓорче“ поради своето агресивно однесување и изживување со недолжни граѓани успеале да се зближат со двоецот Заев-Шилегов, а додека Оливер Спасовски беше технички министер често беа забележувани и во негова близина.

perla1-640x215

И двајцата и се добро познати на полицијата бидејќи заедно во своето полициско досие имаат 21 кривична пријава. Дејан Трајковски е и осудуван на казна затвор во траење од 5 години и 2 месеци. Меѓу делата кои им се ставале на товар се напад на службено лице, криумчарење, држење и тргување со оружје и распрскувачки материјали, напад со орудие опасно по живот при тепачка, учество во толпа, фалсификување на исправа, употреба на лажни податоци, давање на лажен исказ и загрозување на општа безбедност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top