Санто Кондорели (26) е канадски плиивач и олимпиец кој ја претставува својата држава на ЛОи во Рио де Женеиро. Но, има еден ритуал, кој е поинаков од сите други. Пред влегување во базен, тој се врти кон камерката и го покажува средниот прст. Тој прст му е упатен на татко му.
Кога бил мал, секогаш многу се плашел на стартот. Тремата го парализирала и татко му се сетил како тоа да го надмине.
– Му реков доста! Секој пат кога ќе дојдеш на старт, опушти се. Не размислувај за натпреварот. Тој ме праша како да го стори тоа. Му реков дека треба да покаже дека не му е грижа. На еден натпревар, тој ме виде на трибините и ми го покажа средниот прст. И сега тоа го прави до ден-денес – вели татко му Џозеф.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Миа Крстевска е новата шампионка во 200 метри грбно и освојувач на златен медал во Белград
-
Бобан Илиќ им покажа „среден прст“ на семејството на Алмир (видео)
-
Македонските пливачи подготвени за ЕП во Копенхаген
-
Голем срам на Олимписки базен – децата плаќале по 3 евра од трка, а резултатите биле објавувани на чаршави!