| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија го избегна фенерот, победена Русија во последниот меч на ЕП

makedonija u20 rakomet

Машката младинска репрезентација на Македонија во продолженија ја победи Русија со 33-32 (27-27,13-14) и заврши на претпоследното 15.место на ЕП во Данска за ракометари до 20 години. Во регуларниот дел натпреварот заврши без победник, 27-27. По серијата од шест порази, избраниците на селекторот Александар Јовиќ конечно, се израдуваа на победа во последниот натпревар на шампионатот и го избегнаа последното место.

Во првото полувреме Русија на половина имаа предност од четири гола, но младите македонски ракометари успеаја да ја анулираат предноста пред се благодарејќи на одбраните на голманот Даниловски.

Во вториот дел Македонија ја презема иницијативата и со двата гола на Талевски во серија стигна до плус три (22-19). Сепак изедначено и неизвесно остана до последните секунди од натпреварот. Македонската репрезентација не го искористи последниот напад, завршниот удар на Талески заврши во рацете на рускиот голман и натпреварот во регуларниот дел заврши со резултат 27-27. По првите пет минути од продолжението, македонските надежи имаа минимална предност од 30-29. Во второто продолжение, двапати прецизен беше Марко Нелоски, а победничкиот гол за Македонија го постигна Мице Шилегов.

Одново најефикасен во македонската репрезентација беше капитенот Филип Талески со 11 погодоци, а Давор Палевски беше прогласен за најдобар играч во макеоднскиот состав.

Во финалето на ЕП (У20) ќе играат селекциите на Германија и на Шпанија, а за бронзениот медал ќе се борат Хрватска и Франција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top