Вчера околу 12,00 часот во Свети Николе, додека деветгодишно девојче се симнувало по скалите во влез од зграда била пресретната од страна на непознато лице. Тој ги соблекол тренерките и полово се задоволувал пред девојчето. Девојчето се исплашило и избегало.
Истиот ден во времето од 18,00 до 19,00 часот во присуство на јавен обвинител од Свети Николе и претставник од ЦСР- Свети Николе од страна на девојчето било извршено препознавање и бил утврден идентитетот на лицето.
Станува збор за В.О.(46) од Свети Николе и НК-КР-Свети Николе работи на целосно расчистување и документирање на настанот по што ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.