| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешен директор на ЦИА: Трамп му е агент на Путин

Поранешниот директор на ЦИА Мајкл Морел изјавил дека рускиот лидер Владимир Путин го искористува кандидатот за претседател на САД од Републиканската партија Доналд Трамп, пишува Њујорк Тајмс.

-Во разузнавачката служба би рекле дека Путин го ангажирал Трамп како агент на Русија, изјавил Мајкл Морел.

Според неговите зборови, токму тоа ја објаснува позитивната реакција на милијардерот на хакерскиот напад врз Демократската партија која, наводно, ја извеле личности поврзани со руските власти, неговата подготвеност САД да го разгледа прашањето за признавање на Крим како дел од Русија, како и намерите да се заштитат само оние земји на НАТО кои ги исполнуваат своите обврски.

Како што признал самиот Морел, тој секогаш молчел за своите симпатии на претседателските избори, но овој пат направил исклучок и ги повикува Американците да ја поддржат поранешната секретарка на САД, Хилар Клинтон.

Трамп во март изјави дека му се воодушевува на лидерските способности на рускиот претседател Владимир Путин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top