| четврток, 6 декември 2018 |

Десет годишниот Нијам им одржа лекција на родителите и децата (Видео)

Десет годишниот Нијам Хадсон, познат млад мотивациски говорник од Њу Џерси кој има повеќе од 53.000 пријатели на Инстаграм, сними ново видео во кое ги повикува родителите да не ги растата своите деца на тој начин што ќе им покажуваат дека материјалните ставри им се важни во животот.

– Мојот татко и јас бевме во еден локален парк ми се забавуваме кога едно дете почна да ми се смее на моите Фила патики, потег што јас секако го игнорирав. Но кога седнав во автомобилот, се присетив на некои работи кои ги изговори и тогаш одлучив да снимам видео, вели Нијам за Екшн њус.

– Не ме навредија неговите коментари, само ме инспирираа да им објаснам на другите зошто е важно да им придаваат важност на материјалните работи.
Во едноминутното видео објавено на Инстаграм, Нијам порачува:

– Штотуку бев во паркот каде еден дечко ме исмејуваше поради моите Фила патики. Јас не сум материјалист. Носам Фила патики затоа што ми се допаѓа бојата и мислам дека се кул. Можеби во денешно време не се толку популарни, но мене ми се допаѓаат. Поради тоа му кажав дека не е важно што имам на нозете, туку во главата.

Не е важно што носам, во животот се важни информациите и знаењето. За 20 години нема да можеш да ги облечеш тие патики. Важно е што имаш во главата. Твојата мудрост. Твоето знаење. Моќта да инспирираш некој друг.

Родители ве молам да не ги одгледувате своите деца како материјалисти, бидејки кога нема да имаат Џорданки или кул одлека, ќе се чуствуваат неважни. Ќе мислат дека им се потребни злато или Џорданки или кул популарни работи за да бидат важни, порачал Нијам.

Тој се надева дека преку ова видео децата ќе научат дека не е важно што зборуваат другите за нив или нивната облека.

– Додека се чуствувате удобно во вашата кожа, се почитувате себе си и другите, може да имате насмевка на лицето, порачува Нијам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top