Татко и син од Битола, А.Ј. (42) и Џ.Ј. (19), физички нападнале началник од Секторот за внатрешни работи додека извршувал службено дејство на улицата „Ѓорги Сугарев“.
Началникот пријавил дека вчера, околу 14 часот, откако го паркирал службеното возило „цитроен берлинго“ на улицата, двете непознати лица се упатиле кон него, почнале да викаат и да го навредуваат со погрдни зборови зашто не можеле да поминат.
Најпрво синот го удрил полицаецот, а потоа и таткото, нанесувајќи му повреди во пределот на главата.
А.Ј. и Џ.Ј. се лишени од слобода и се задржани во полициска станица. Против нив ќе биде поднесена кривична пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.