| четврток, 6 декември 2018 |

Измамник зел 1.000 евра за да „обезбеди“ кредит од 5.000

evra1

Битолчанец изиграл сограѓанин дека ќе му обезбеди кредит од 5.000 евра од банка, за надомест од околу 1000 евра.

СВР Битола поднесе кривична пријава за А.Д.(38) од Битола за кривично дело измама.

Во текот на декември 2012 година, со лажно прикажување факти го довел во заблуда Д.Н. од Битола дека ќе му помогне да добие потрошувачки кредит од банка  во висина од 5.000 евра.

За услугата пријавениот од Д.Н.  неколку пати зел 58.000  денари, но  ветеното не го исполнил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top