| четврток, 6 декември 2018 |

Порто против Рома, Сити преку Стеауа ќе се обиде да стигне до групната фаза од ЛШ

izvlekuvanje LS

Фаворитите во голема мера можат да бидат задоволни од денешниот ждреб во плеј-офот од Лигата на шампионите. Најзвучното име во оваа фаза, Манчестер сити за опонент ја доби Стеaуа. Романскиот клуб со славно минато, но со голем број на проблеми, не би требало да претставува нагазна мина за „граѓаните”.
Од друга страна, пак најинтересно се очекува да биде на средбите Порто – Рома, односно Виљареал – Монако. Португалскиот гигант ќе се обиде да ја победи волчицата, која летово остана без најдобриот свој играч, Миралем Пјаниќ. „Подморницата”, пак, која по враќањето во елитата игра маестрално, за опонент ќе го има Манако и збревтаниот Радамел Фалкао, кој полека се враќа во својата препознатлива гол форма.
Од групата на неносителите, вреди да се издвои тоа дека Динамо Загреб, екипата која го елиминираше Вардар, ќе игра против Салцбург. Бугарскиот шампион, Лудогорец ќе се соочи со најдобриот чешки тим, Викторија Плзен.

Натпреварите се играат на 16/17 август, односно 23/24 август.

ДВОЈКИ, ЛШ:

Лудогорец – Плзен

Селтик – Хапоел Бер Шева

ФК Копенхаген – АПОЕЛ

Дандалк – Легија Варшава

Динамо Загреб – Салцбург

Стеауа – Манчестер сити

Порто – Рома

Ајакс – Ростов

Јанг Бојс – Борусија Менхенгладбах

Вилјареал – Монако

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top