Нигериските спортисти, а посебно фудбалерите во помладите генерации многу често во минатото освојуваа некое меѓународно репрезентативно натпреварување, но со големо сомневање за нивните години.
Дури 26 фудбалери од генерацијата до 17 години се суспендирани, што значи целата репрезентација бидејќи е констатирано дека се постари и дека лажеле за својата старост.
– Ова е катастрофа. Сега сме во големи проблеми. Единствено што можеме да преземеме во моментов е да ја суспендираме целата генерација. Секако покрај играчите суспендирани се и сите тренери кои се вклучени во оваа афера – соопштуваат челниците на нигерискиот фудбалски сојуз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.