Германската канцеларка Ангела Меркел значително ја изгуби популарноста, главно поради нејзината политика за бегалците, покажа анкетата која беше спроведена по нападите во Германија.
Анкетата на телевизија „АРД“ покажа дека 47 отсто од испитаниците изразиле задоволство за работата на Меркел, што е дури 12 проценти помалку во однос на поддршката која канцеларката ја имаше во јули. Ова е втор најлош резултат на Меркел, откако во 2013 е повторно избрана на функцијата канцелар на државата, а најлош резултат е забележан во февруари годинава, кога само 46 отсто од испитанците изразија задоволство од Меркел.
Во најновата анкета, само 34 проценти од испитаниците се изјаснија дека се задоволни или многу задоволни со владината политика на „отворени врати“ за бегалците. Ова е најмал процент откако е во прашање поддршката за миграциската политика, кое од октомври е вметанто во месечната анкета на телевизија „АРД“. Дури 65 отсто од испитаниците изразија незадоволство од миграциската политика. Од друга страна, популарноста на конзервативниот премиер на Баварија и остриот критичар на бегалската политика на Владата во Берлин, Хорст Зехофера, порасна дури за 11 проценти на 44 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Меркел повторно прогласена за најмоќна жена во светот
-
Џихадистите се закануваат со напади во Њујорк за Нова година: 1 јануари е „ден на одмаздата“
-
Наследникот на Меркел доаѓа од компанија што „управува со светот“?
-
Ефтов: Заев ја лажеше меѓународната заедница и со референдумот ги наруши нејзините позиции