ИД планира истовремени напади во Велика Британија, Франција и Германија предупреди поранешен припадник на оваа организација во интервју за „Њујорк тајсм“.
Сарфо, кој се наоѓа во строго чуван затвор во Бремен, служи тригодишна казна затвор поради тероризам, а роден е во Германија, но пораснал во Британија. Според неговите зборови, командосите на ИД, кои биле на обука во Сирија, имаат намера да извршат повеќе напади ширум Европа.
Тој признал дека и нему му било речено, кога стигнал во Сирија во 2015 година, да се врати дома во Германија за да организира терористички напад. Сарфо изјави дека во меѓувреме стотици џихадисти засекогаш се вратиле во Европа.
Исламска држава ги врбува луѓето кои имаат криминално минато, затоа што имаат врски со организираниот криминал и знаат како да направат лажни документи и да контактираат луѓе кои можат да ги прокриумчарат екстремистите во ЕУ. Тој во интервјуто откри и како џихадистите врбуваат странски борци.
– Кога станува збор за азискиот регион, тие регрутираат борци кои доаѓаат од мрежата на Ал Каеда. Што се однесува до Америка и Канада, многу е полесно да се врбуваат преку социјалните мрежи, бидејќи џихадистите мислат дека Американците се глупави. Ми рекоа дека лесно ги радикализираат, и дека доколку немаат досие, можат лесно да купат оружје, и затоа не мораат да ги контактираат за да им набават – навел Сарфо.
Исламска држава им советува на странците кои сакаат да им се приклучат, да го организираат патот на тој начин да изгледа дека биле некаде на одмор на југот на Турција, а всушност за тоа време тие биле обучувани или војувале во Сирија, заклучува Сарфо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.