| четврток, 6 декември 2018 |

Да не се лажеме: Телото на жената по породување изгледа вака

Многу славни познати мајки по породувањето изгледаат како никогаш да не биле трудни. Но, реалноста не е таква и на мајките им се поставуваат нереални стандарди. Тоа го покажува и оваа мајка.

117891_haus_630x0

Блогерка од Австралија и новопечена мајка Оливија Вајт (27) сакала на својот блог да ја претстави вистината и тоа како изгледа телото по бременоста. На тој начин таа сака да ги ослободи од притисокот мајките од родилиштата да излезат како манекенки.

– Отечено лице, обесени гради, широки колкови и стомак полн со стрии. Тоа е мојата реалност. И знаете што? Баш ми е гајле! Не сум истата каква што сум била пред породувањето и зошто тогаш би сакала моето тело да ја отсликува личноста која веќе не е! – напиша таа на својот профил на фејсбук.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top