| четврток, 6 декември 2018 |

Фрижидер кој сам одгледува марихуана

Откако одреден број на американски сојузни држави ја легализираа употребата на марихуана во приватни и медицински цели, почна „борбата” за пари.

Така, компанијата „Леаф“ измисли паметен фрижидер кој овозможува одгледување на марихуана во домашни услови.

Кутиите кои изгледаат како фрижидер имаат автоматски функции и не заземаат многу место во домот. Карбон филтерот спречува мирисот на марихуана да се шири наоколу, а изумителите тврдат дека овој уред посебно е наменет за почетници во одгледување на марихуана.

„Леаф“ тимот снимил и видео во кое чекор по чекор го објаснува функционирањето на паметниот фрижидер. По пат на апликација се следат условите во кои расте како што се температура на воздухот и водата, на Пе-Ха вредноста, влажноста, нивото на водата и висината на растението. Апликацијата нуди и потребни рецепти.

Се е автоматски, што значи дека не мора да водите сметка за било што.

Уредот ќе биде во продажба од оваа есен и се претпоставува дека цената ќе биде околу 2.000 долари.

Компанијата истакнува дека купувачите со овој уред ќе заштедат пари за разлика од традиционалниот начин на одгледување на ова растение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top