| четврток, 6 декември 2018 |

Се фотографирале: Македонец по грешка го застрелал пријателот во Австралија

Фотографија заврши трагично откако млад човек го застрела својот најдобар пријател додека позираа со сачмарка во еден мотел во Мелбурн, пренесува „Канбера тајмс“

Македонецот Алберт Раповски (20) во средата на првото рочиште за случајот се изјаснил за виновен, а судот му го продолжил притворот до следното сослушување.

Настанот се случил на почетокот на март годинава, кога Раповски го застрелал 22-годишниот Махамд Хасан.

Former Reservoir High School student Mahamd Hassan.

Махамд Хасан

Според документите изнесени пред судот, Раповски и неколкумина негови пријатели на 5 март се собрале во соба на мотелот „Парксајд ин мотел“ за да ја прослават неговата веридба. Тие донеле сачмарка и почнале да си играат со неа, а Хасан, наводно, му кажал да Раповски да го испразни оружјето за да не застрела некого.

Според полицијата, Македонецот ја отворил пушката, а еден од неговите пријатели од неа извадил два патрони. Раповски во еден момент ја вперил пушката во главата на Хасан додека тој се подготвувал да се слика себеси со мобилниот телефон. Македонецот го повлекол орозот и оружјето испукало директно во главата на неговиот пријател.

1470213160698

Махамд Хасан

Раповски, според полицискиот извештај, почнал да плаче и да вреска, викајќи „Го застрелав Мо, го застрелав Мо“, а потоа побегнал од хотелот.

 

Lash_article

Алберт Раповски

Телото на Хасан го открил сопственикот на мотелот.

Следниот ден, како што пишува „Гардијан“, Раповски се обидел да избега во Македонија. Тој на свој пријател, кој работел како туристички агент, му рекол дека мора итно да замине во Македонија за да ја види својата баба, која, наводно, била болна.

Тој бил пресретнат од полицијата на аеродромот во Мелбурн на 6 март, каде е уапсен, а потоа и обвинет за убиство на својот пријател од средношколските денови.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top