Шпанската организација „Aid to Children and Adolescents at Risk“ креираше рекламен постер за да им помогне на злоупотребуваните деца.
Возрасно лице кое го гледа постерот гледа само слика на тажно момче и напис: „Понекогаш злоупотребувањето е видливо само за оној што страда“. Меѓутоа, кога дете го гледа постерот, тоа гледа дете кое има модринки на лицето и текстот „Ако некој те повреди, повикај нѐ и ние ќе ти помогнеме“ и број на телефонот на кој може да се јават.
Постерот е дизајниран така што момчето со модринки на лицето не можат да го видат лица повисоки од 135 сантиметри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)