| четврток, 6 декември 2018 |

Официјално, Лина Ѓорческа ќе настапи во квалификациите за ОП на САД

Lina-Gjorceska-sport148-2

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа уште еднаш потврди дека се наоѓа во одлична форма. Тоа што го најави за „Република“, дека до почетокот на пријавувањето за квалификациите за последниот грен-слем во сезоната Отвореното првенство на САД ќе се обиде да стигне до 230. место на ранг-листата на ВТА, тоа Лина и го оствари.

Младата тетовка во моментов се наоѓа на 215. место во светот со што ги исполнува условите за пријавување во квалификациите. Нејзината форма во последните два месеца ветува дека е пред почеток на една голема кариера. Да ѝ посакаме среќа на Лина во квалификациите и да се надеваме дека ќе успее да влезе во главниот дел на престижниот турнир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top