| четврток, 6 декември 2018 |

Широко развеано македонското знаме во Олимпиското село во Рио (видео)

makedonija rio 2

Македонска олимписка експедиција, која брои 14 члена, e во Рио де Жанеиро, каде што в петок со церемонијата на свеченото отворање ќе почнат Летните олимписки игри.

Подобрување на личните и на државните рекорди е целта на пливачите Марко Блажевски и Анастасија Богдановски, џудистката Катерина Николоска, стрелачката Нина Балабан и на атлетичарите Дрита Исљами и Ристе Пандев.

makedonija olimpijada

Делегацијата ја дополнуваат нивните тренери, Владимир Богоевски (спортски директор на МОК) и докторот Зоран Ханџиски. Во Бразил ќе патуваат и првиот човек на МОК и генералниот секретар Васил Тупурковски и Сашо Поповски на покана на Интернационалниот олимписки комитет.

makedonija rio 1

На церемонијата на подигнување на нашето знаме во Олимпиското село во Рио и интонирање на химната присуствуваше и новиот амбасадор во Бразил, Ивица Боцевски.

bocevski rio

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top