
Монако успеа да го елиминира Фенербахче во еден од најинтересните дуели од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите. „Кнезовите“ вечерва на домашен терен славеа со 3-1 и го надоместија поразот од 2-1 што го доживеаја во Истанбул. Радамел Фалкао постигна гол и имаше една асистенција, а потоа се повреди, а двоен стрелец за Монако беше Валере Жермен. Единствениот гол за Фенербахче беше дело на Емануел Еменике.
Олимпијакос е елиминиран од Хапоел Бер Шева, откако загуби на гостувањето во Израел со 1-0, а дома не успеа да слави (0-0).
Астана и Агим Ибраими имаа кобен финиш во Шкотска. По ремито (1-1) во Казахстан, Астана со голот токму на Агим Ибраими во 62.минута имаше резултат (1-1) за продолженија, но беше досуден пенал за Селтик во судиското продолжение од регуларниот тек, а голот (2-1) за пласман понатаму од белата точка го постигна Дембеле.
Celtic vs FC Astana 2-1 All Goals and… by FRHD2
Ајакс славеше со 1-2 на гостувањето во Солун против ПАОК и го надомести ремито (1-1) од првиот меч во Амстердам. Дејви Класен беше двоен стрелец за Ајакс на овој дуел.
Шахтјор Доњецк исто така останува без ЛШ. Украинскиот тим со водство од 2-0 замина на реваншот во Швајцарија против Јанг Бојс, но домаќинот славеше со идентичен резултат, со двата гола Јуја Кубо. Мечот отиде во продолженија, а потоа се решаваше на пенали, и Јанг Бојс славеше со 4-2.
Резултати, квалификации ЛШ:
КОПЕНХАГЕН – Астра 3-0, СТЕАУА – Спарта Прага 2-0, ХАПОЕЛ БЕР ШЕВА – Олимпијакос 1-0, ЈАНГ БОЈС – Шахтјор Доњецк 2-0 (4-2 на пенали), Паок – АЈАКС 1-2, САЛЦБУРГ – Партизани Тирана 2-0, Андерлехт – РОСТОВ 0-2, СЕЛТИК – Астана 2-1, ЛЕГИЈА – Тренчин 0-0, МОНАКО – Фенербахче 3-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


