| четврток, 6 декември 2018 |

Несреќата кај Удово ја предизвикал српски државјанин

фиат

За сообраќајката во која утринава загина брачниот пар од Скопје, а нивниот син е повреден, е виновен српскиот државјанин Д.С.(46) кој управувавал со ауди А4 со германски регистерски таблички, пишува српски Телеграф.

фиат2

Истрагата ќе утврди како точно дошло до смртоносниот карамбол, но според досегашните информации одговорен е Д.С. кој со своето ауди ја предизвикал несреќата. Тој со сопругата Н.С (37) и двете деца се враќал од Грција од одмор.

фиат5

Во еден момент поминал на левата страна на колвозоот, каде во пресрет му доаѓал автобус. Да би се избегнал директен судар, автобусот нагло свртел и директно се судрил со фијатот во кој биле Н.П со сопругата и нивниот седумгодишен син. Од силината на ударот, фијатот бил толку згужван што телата ги ваделе пожарникари.

фиат3

Тие загинале на лице место, а нивниот син е префрлен на скопските клиники.

фиат4

Во велешката болница пак со скршен колк е донесена сопругата на српскиот државјанин Н.С и нивните две деца, девојче од 15 и син од 17 години. Тие поминале без повреди но биле во шок. Нивниот татко е задржан во полиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top