Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски и дефинитивно е регистриран за калчолигашот Палермо. По комплетирањето на неопходната документација, од Палермо денеска официјално информираа дека Несторовски ќе биде на располагање на стручниот штаб од самиот почеток на новата сезона во Италија.
26-годишниот Несторовски изминатиов период беше во очекување на пасошот од ЕУ, со кој би настапувал во редовите на Палермо. Од редовите на италијанскиот прволигаш информираа дека пред два дена поднеле барање до Италијанскиот фудбалски сојуз за регистрација на Несторовски, и денеска и официјално тој е „лиценциран“ за настап во дресот на Палермо.
Несторовски, на почетокот од годинава, потпиша четиригодишен договор со Палермо, со важност до јуни 2020 година. Според најавите, тој ќе биде во комбинација за настап во составот на Маурицио Зампарини веќе за натпреварот од Купот на Италија кој Палермо го игра на 13. август.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Палермо е главен град на културата 2018: До крајот на годината ќе биде домаќин на специјални настани и изложби
-
Драстични промени во италијанската Серија А од следната сезона
-
Бајано: Несторовски не треба да биде опседнат со давање голови
-
„Газета дело Спорт“ со сторија за Македонецот: Несторовски е главен лик во Палермо, душата на тимот