| четврток, 6 декември 2018 |

Надал конечно одлучи, максимално e подготовен за ОИ во Рио

rafa nadal

Светскиот рекет број пет, Рафаел Надал ги реши сите дилеми во однос на тоа дали ќе настапи на Летните Олимписки Игри во Рио Де Жанеиро.

Надал кој нема одиграно официјален меч од Ролан Гарос од кој се повлече поради повреда на зглобот, а потоа го пропушти и Вимблдон сепак ќе настапи на спектаклот во Бразил иако и самиот признава оти не е комплетно подготвен.

– Зборував со целиот тим и тимот одлучи да играм, па ќе вежбам напорно во наредните денови. Ситуацијата не е идеална, но капитенот (Кончита Мартинез) верува оти јас сум најдобра опција за да дојдам до позитивен резултат за нашата земја. Денеска вежбав шест часа. Зглобот не е 100 проценти перфектен, но најважното нешто е што тој не изгледа полошо од вчера иако вежбав шест часа. Тоа е одлична вест – посочи Надал кој се надева оти ќе игра во трите конкуренции (сингл, дубл и мешани двојки).

– Мора да зборувам со капитенот, јас сакам да играм на сите – додаде освојувачот на златниот медал на ОИ во Пекинг.

Рафа кој има освоено 14-грен слем титули вели дека е пресреќен што повторно ќе биде дел од најголемиот планетарен настан.

– Возбуден сум поради ОИ, тоа се на четири години и никогаш не знаете што може да се случи во иднина. Лондон го пропуштив и навистина ми е драго што сум тука, мотивиран сум да играм – заврши Рафаел Надал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top