Десетгодишниот Дибран М. вчера попладне загина во сообраќајна несреќа, информираат од полицијата.
Според МВР, сообраќајната несреќа се случила на улицата Скупи во Скопје, околу 14 часот и 50 минути. Дваесет и тригодишниот Ш.И. со патничко моторно возило „голф“ го удрил момчето додека тоа поминувало улица.
Детето починало на пат кон болница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.