| четврток, 6 декември 2018 |

Јапонците буквално се убиваат од работа

На Запад постојано се објавуваат книги и текстови кои треба да им помогнат на луѓето да станат попродуктивни за да имаат повеќе време за семејството и за хоби, во Јапонија на оваа тема воопшто не се разговара. Секоја година, во оваа земја умираат стотина, можеби и илјадници луѓе од премногу работа, а за таа појава постои и име „кароши“.

Една од жртвите на исцрпување на работа е и Кијотека Серизава (34), кој се убил откако во последните месеци од животот работотел дури и 90 часа дневно. Тој бил вработен во компанија која одржува станбени згради.

– Неговите колеги биле импресионирани од тоа колку многу работел. Дури и некои од сопствениците на компанијата рекол дека никој од нив не работел толку многу како Кијотека – изјави неговиот татко.

Се почнало во 1970 година кога платите биле ниски, а вработените сакале да заработат повеќе. Тогаш се разви културата на исцрпувачка работа, а продолжи со годините на економскиот бум во 1980, кога Јапонија стана втора светска економија, како и по кризата во 1990 година. Биле носени луѓе кои работеле без бенефиции и на кои опстанокот не им бил сигурен, што ги терало вработените да работат се повеќе. Денес 12-часовен работен ден е вообичаена појава.

– Во Јапонија прекувремната работа е нормална појава. Никој не ги тера за тоа, но вработените имаат чувство дека е обврзно – вели Коџи Мариока, почесен професор на Универзитетот Кансаи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top