Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го обвини Западот дека го поддржува тероризмот, како и пучистите кои се обиделе да го соборат од власт.
Медиумите оценуваат дека тоа е досега најжестокиот вербален напад на Ердоган врз западните сојузници на Анкара по неуспешниот обид за преврат на 15 јули.
– За жал Западот го поддржува тероризмот и стои зад пучистите, истакна турскиот претседател во обраќањето до нацијата од својата резиденција.
Ердоган остро реагира против одлуката на германските валсти да му забранат обраќање преку видео-конференциска врска до своите приврзаници, кои во неделата се собраа во Келн за поддршка на демократијата.
Тој, исто така, нагласи и дека сценариото за осуетениот пуш во Турција „било напишано во странство.
– Овој преврат не беше само случување планирано одвнатре. Актерите дејствуваа во земјата според сценарио напишано во странство, изјави Ердоган, кој го обвинува исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, дека е одговорен за воениот удар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.