Ливерпул ја заврши американската турнеја со пораз, откако тимот на Јирген Клоп заслужено загуби со 2-1 од тимот на Рома. Ова беше трет пораз во низа на Ливерпул од Рома на американско тло во последните три години, сосема заслужен со оглед на фактот дека римската волчицата одигра далеку подобро, создаде повеќе шанси и на крајот оправдано се радуваше на триумфот.
Клучни за победата на Рома беа головите на Џеко во првото и Салах во второто полувреме. Единствениот погодок за Ливерпул беше дело на младиот Оџо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.