| четврток, 6 декември 2018 |

ЦСИ Бандиќ: Преку ДНК од кучешкиот измет ќе ги казнува сопствениците

politicar_dogadaj_templatepasbancidЗагребскиот градоначалник Милан Бандиќ решил да стави крај на несобраниот кучешки измет оставен на улиците од несовесните сопственици.

Тој соопшти план според кој во следните две години вклучува чипување на кучињата и создавање на ДНК база. ПОтоа, посебни комунални редари ќе шетаат низ градот и ќе собираат примероци од оставениот измет, кој што ќе биде испратен на анализа која чини 600 куни. а кога ќе се утврди чиј миленик се „покакал“ а сопственикот не зачистил после него, ќе му биде испратена казан од 4.000 куни.

-Малку сум скептик за планот на Бандиќ, заради бројот на нерегистрирани кучиња во градот, а тој број е околу 50.000- цитираат медиумите еден ветеринар.

Иако ваков модел е воведен во Тел Авив, каде функционира, во Загреб Бандиќ доби нов прекар ЦСИ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top