| четврток, 6 декември 2018 |

Девојче се удави во Куманово, другарките се обидувале да ја спасат

baaanja

Вчера околу 15.45 часот во СВР Куманово, медицинска сестра од Итна медицинска помош пријавила дека во „Стара Бања“, поточно пред базенот со лековита вода, има непознато женско дете кое е починато. Од преземени мерки било констатирано дека се работи за тринаесетгодишно девојче од Куманово кое се удавило во базенот во Стара Бања, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Девојчето околу 15.30 часот дошло со уште две другарки да се капе во базенот. Откако влегле внатре девојчето скокнало во базенот и од присутните деца била забележана дека дава знаци на давење и истата била изнесена надвор каде децата и укажале прва помош по што ја повикале Итната медицинска помош.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Куманово. Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top