| четврток, 6 декември 2018 |

Премиер брка покемони на парламентарна седница

Ерна Солберг е снимена за време на седница во норвешкиот Парламент како игра „Покемон Го“.

Не е тајна дека норвешката премиерка е голем обожавател на играта Покемон Го. Ерна Солберг и порано во текот на официјалната посета на Словенија одвои време за да се посвети на бркање покемони.

Сепак ова не е првпат некој од норвешките политичари да бидат фатени како ја играат видео-играта за време на на парламентарни седници. Претседателката на Либералната партија Трине Скеи Гранде беше фатена додека ја играше Покемон Го на седницата за национална безбедност во август.

А овој пат додека премиерката бркаше покемони на говорницата со излезе Гранде, која потоа на Твитер објави: „Слушна што реков, ние жените можеме во исто време да правиме две работи, како што веќе знаете“, пишува весникот „Гардијан“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top