Австралија спроведува пописи на секои пет години, но на последните три циклуси, голем дел од популацијата се изјасниле како Џедаи. Сепак, и покрај нивното „чувство“ документите на пописот биле прогласувани за неважечки.
За претстојниот попис е формирано движење „Don’t Mark Yourself as Jedi“ (Не се попишувајте како Џедаи), а неговите поддржувачи започнале кампања на Твитер, за да ги замолат жителите да престанат со шегата на овогодинешниот попис.
Статистички, во 2011 година, дури 65.486 граѓани на Австралија ја одбележале Силата како нивна религија. Бројката е само малку зад бројот на Сики, а многу повеќе од Адвентистите на седмиот ден, Армијата на спасот, поголемиот дел на ортодоксни цркви и други реални религиозни групи.
Порастот на џедаизмот, освен што доведува до поништување на голем број документи, има и реални последици и придонесува за погрешни статистички податоци. Претседателката на Атеистичката фондација на Австралија, Кајли Стурџес, изјавила дека постоењето на џедаизмот како избор за религија, дури и на шега, прави резултатите на пописот да покажуваат дека Австралија е порелигиозна држава од тоа што навистина е.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Симовски: Не е исклучено во пописот да биде вклучена и етничката припадност
-
На пописот во 2020 нема да има листови хартија, само лаптопи
-
Пробен попис во четири општини во 2019: Жителите нема да се изјаснуваат за етничката и верска припадност
-
Австралија ќе населува мигранти во малите градови и селата