| четврток, 6 декември 2018 |

Ненасилна смрт: Првични сознанија за смртта на исчезнатите на Бистра

потрага бистра

Ненасилна смрт првично покажале резултатите од судска медицина кај 50 годишниот Сашо, кој заедно со неговиот татко се изгубија на планината Бистра пред две недели.

Засега податоците од двајцата мажи се совпаѓаат со податоците на исчезнатиот татко 80 годишен и син 50 години старост. Телото на мажот било донесено викендот во Институтот за судска медицина.

-На телото на помладиот маж беа констатирани угризи од животни, но тоа е по смртта. Нема знаци на насилство од човек врз телата на двајцата мажи донесени за обдукција, вели др. Александар Станков Институт за судска медицина за Канал 5.

По трагањето по исчезнатите прво беше пронајдено телото на таткото, во провалија на висина од десетина метри. Обдукцијата покажала дека ударите од падот биле причина за смртта. А телото на синот било на километар, велат извори од истрагата. Синот и таткото пред две недели исчезнаа, кога заминале на прошетка на Бистра, а биле на одмор во нивната викенд куќа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top